(Видео)Рамчиловиќ: Најдовме правна формулација и јасна дистинкција меѓу насилниците и организаторите во предлогот за амнестија | Правдико

Правдико

   

(Видео)Рамчиловиќ: Најдовме правна формулација и јасна дистинкција меѓу насилниците и организаторите во предлогот за амнестија

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Работната група за помирување го подготви предлогот за законско решение за амнестија за 27 април. Обвинетите ќе потпишат изјава дека ја прифаќаат амнестијата. Со законот нема да бидат опфатени организаторите и оние кои извршиле насилство.

„Го разгледуваваме и дојдовме до предлог-текст за амнестија, консензуално прифатен во работната група што денеска ќе го доставиме до копретседателите на координативното тело. Очекувам во најбрз рок да се свика седница за да се разгледа текстот, да добие законска форма и да влезе во собраниска процедура“, рече координаторот на работната група за помирување, Зеќир Рамчиловиќ.

Тој додека дека успеале да најдат правна формулација и јасна дистинкција меѓу организаторите и насилниците на 27 април.

„Оставивме можност за сите кои сакаат да го продолжат процесот. Секое лице да поднесе барање за амнестија во понатамошната постапка. На овој начин може процесот да продолжи, да има правна завршница, но и дел од лицата да може да добијат амнестија, подвлече  Рамчиловиќ.

Тој не сакаше да каже дали ќе има преквалификација на делото, ниту дали ќе чекаат да заврши судскиот процес.

Амнестија за дел од обвинетите за 27 април, беше еден од условите на осумте пратеници Владанка Авировиќ, Емилија Александрова, Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Нола Исмајлоска Старова, Елизабета Канческа-Милевска, Крсто Мукоски и Зеќир Рамчиловиќ, да гласаат за отпочнување на постапката за уставните измени.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико