(Видео) Ременски: Ако членовите на ДКСК не поднесат итна оставка, ќе биде покрената постапка за нивно разрешување | Правдико

Правдико

   

(Видео) Ременски: Ако членовите на ДКСК не поднесат итна оставка, ќе биде покрената постапка за нивно разрешување

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Ревизијата на работењето на Државната комисија за спречување корупција укажува на непочитување и злоупотреба на законските одредби, незаконско и несовесно трошење на парите на граѓаните, токму од страна на Комисијата којашто треба да се грижи за спречување  злоупотреби на правата и обврските на институциите и сите избрани функционери во државата, порача пратеничката и потпретседателка на СДСМ, Фросина Ременски.

Според неа, членовите на Државната комисија за спречување корупција веќе немаат професионален и етички кредибилитет да ја вршат оваа функција ниту еден ден повеќе.

„Од тие причини, доколку членовите на Антикорупциската комисија веднаш не поднесат итна и неотповиклива оставка, во Собранието на Република Македонија, како орган кој е надлежен за изборот на членовите на ова тело, ќе покренеме постапка за нивно разрешување. Нема да има толеранција за коруптивно и расипничко однесување на ниту една институциja и на ниту еден функционер во Република Македонија“, порача Ременски.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико