(ВИДЕО) Само Врховниот суд не се изјаснил за проверка на злоупотреби на АКМИС-системот | Правдико

Правдико

   

(ВИДЕО) Само Врховниот суд не се изјаснил за проверка на злоупотреби на АКМИС-системот

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

По барање на Министерството за правда е формирана работна група која треба да направи ревизија на АКМИС-системот дали се направени евентуални злоупотреби, информира денеска министерот за правда, Билен Саљији, кој истакна дека досега добиле позитивен одговор од сите засегнати институции, освен од Врховниот суд, од каде што сè уште се чека одговор.

– Дозволете да ве информирам дека по барање на Министерството за правда ќе се направи ревизија за утврдување злоупотреби на АКМИС-системот и досега добивме позитивен одговор од Судскиот совет и од Основниот суд Скопје 1, а сè уште чекаме одговор од Врховниот суд – рече Саљији, кој денеска даде отчет за сработеното во првите сто дена.

Голем дел од неопходните реформи во правосудството, според министерот, се во завршна фаза, меѓу кои законите за сведоци и укажаувачи, како и законот за Судскиот совет и законот за укинување на Советот за утврдување факти, кои ќе бидат доставени до Европската комисија, а деновиве, како што рече Саљији, ќе бидат усвоени и од Владата. Во однос, пак, на предлог-законот за амнестија, министерот не одговори конкретно дали се направени процени колку затвореници ќе бидат опфатени.

– Работната група што ја изготвувала драфт-верзијата на законот веројатно ги имала предвид сите елементи и фактори. Според некои груби процени, има речиси 3.000 затвореници и уште 4.000 што чекаат да дојдат на ред за издржување на казната. Една од причините за законот е и оваа – додаде министерот.

За предлогот на Прибе, СЈО да биде дел од Основното јавно обвинителство, министерот рече дека тоа веќе е предвивдено во нацрт-стратегијата подготвена од Советот за реформи во правосудството, а веќе се разгледува и идејата на Комитетот за заштита на правата за предлог- закон за повторно отворање на постапките со елемент на политички монтирани случаи.

Министерот Саљији вети дека ќе продолжи да работи во насока на враќање на изгубената доверба во правната држава и примената на неселктивна правда.

Г.Н.Р

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико