(Видео) Се разболе обвинетиот помошник-министер: Фетаи бара вештак да утврди дали може да доаѓа на судење | Правдико

Правдико

   

(Видео) Се разболе обвинетиот помошник-министер: Фетаи бара вештак да утврди дали може да доаѓа на судење

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Обвинетиот помошник-министер во случајот „Триста“, Ѓоко Поповски, се разболе. Адвокатите доставија до судот медицинска документација дека е на боледување од 13 ноември. Тој не доставил отворено боледување со прецизно отворени датуми, а адвокатката Сања Алексиќ рече дека терапијата му завршува на 16 ноември и дека потоа ќе било познато дали ќе отвори боледување.

Фатиме Фетаи бара медицински вештак да утврди дали со таа дијагноза Ѓоко Поповски не може да се појави во судот. „Обвинетиот е лимитиран во одење и седење, но не и во зборување, тој не е неподвижен“, рече обвинителката. Фетаи исто така реагираше дека обвинетиот не доставил отворено боледување, туку дека имал само препорака да мирува. Таа рече и дека човек кој е на смртна постела треба да се соочи со обвиненијата.

Ѓоко Поповски, поранешниот помошник-министер во МВР, е обвинет во предметот на СЈО познат како „Триста“ за злоупотреби со набавката на 300 возила за потребите на полицијата. Тимот на Јанева за него бараше, но не доби притвор. Одземен му е само пасошот, а мора еднаш во неделата да се јавува во судот.

На 26 мај, специјалното јавно обвинителство од судот побара замрзнување на недвижен и движен имот на првообвинетиот во случајот „Триста“ откако оштетено лице пријавило имотно-правно побарување. Кривичниот совет го услови предлогот на СЈО. Апелацискиот суд одлучи во предметот „бомбите“ да бидат доказ во постапката. Предметот го суди Лидија Петровска. Главната расправа за случајот „Триста“ е одложена за вторник.

В. Маглешов

Извор: Макфакс

Обвинетиот Ѓоко Поповски и натаму не смее да ги отуѓува „аудито“, станот и нивите

Препорачуваме

Партнери на Правдико