(ВИДЕО) Се укинува Советот за утврдување факти и одговорност на судија
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Се укинува законот за Совет за утврдување факти и покренување одговорност на судија, и тоа ќе биде еден од специјалните закони кои ги подготвува Министерството за правда, како дел од реформите во правосудството, изјави министерот за правда Билен Салији. Надлежностите се враќаат во Судскиот совет, а целта е како што рече Салији да се намали притисокот врз судиите, мерка која според него треба да биде усвоена до октомври.
– Веќе има формирано Совет за следење на реформите во правосудството и работни групи кои работат на подобрување на Стратегијата за правосудство, која се очекува да биде усвоена од Владата до октомври. Има формирано и потгрупи кои рабоатат на специјални закони, како ставање вон сила законот за утврдување факти и пренесување на надлежностите во Судскиот совет. Таму ќе се утврдат сите принципи, а се во насока на издигнување на повиско ниво на судството понезавосна работа на судиите, рече Салији.
На прашањето дали со одолговелкувањето на разрешувањето на Зврлевски, ќе се одложат и реформите во правосудството, вицепремиерот Бујар Османи изјави дека важно е се запазат законските процедури, а тоа ќе се случи порано или подоцна. Во однос, пак, на изјавата за генерален реизбор на судии тој рече дека била погрешно интерпретирана.
Извор: Макфакс