(Видео) Сеад Кочан осуден на 6 години затвор, Авировиќ на три години
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Бизнисменот Сеад Кочан е осуден на шест години затворска казна во предметот „Труст“ на СЈО, а Василије Авировиќ на три години. Тие се осудени за злоупотреба на постапка за јавна набавка. И двајцата добија забрана за вршење дејност и да бидат управители или одговорни лица на правно лице во траење од 3 години. Третообвинениот во предметот, Сафет Ватиќ, е ослободен од обвинението, како и неговата фирма „Вато“ ДООЕЛ.
Василије Авировиќ не беше присутен на изрекување на пресудата. Според неговата одбрана, тој не се чувствувал добро.
Правните лица „Трансмет“ и „Силекс неметали – Кратово“ добија парична казна од два милиони денари која треба да ја платат во рок од 30 дена од изрекување на пресудата. И двете фирми добија забрана за учество во јавни набавки за три години. Судот определели за нив и конфискација на имот од 1 милијарда и 60 милиони денари.
Извор: Макфакс