(Видео) Села најави уставни амандмани за подобрување на правата на Албанците
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Алијанса за Албанците е загрижена од тенденцијата на политичките партии и од опозицијата и од власта, за да ја исклучат вистинската опозиција кај Албанците од договорот што треба да се постигне за референдумот и промената на Уставот, рече на прес-конференција Зијадин Села.
„Уште еднаш повторуваме дека го поддржуваме договорот со Грција и членството на Македонија во ЕУ и НАТО. Имаме забелешки во делот каде се има за цел, еден дел од народите да биде повеќе истакнат од другите. Мислам на делот кој е постигнат во договорот за националноста, во патните исправи, каде што стои – Македонци -граѓани на Република Северна Македонија, ние ќе бараме на тоа место за нас да стои Албанци – граѓани на Република Северна Македонија и така за сите народи кои се набројани во преамбулата. Ќе бараме и во преамбулата сите народи да се чувствуваат еднакви“ рече Села.
Села нагласи дека во ред е да се брани македонскиот јазик во договорот со Грција, но според него и Албанците имаат право да го бранат својот јазик, кој, како што рече, не е поинаков од македонскиот и тоа треба да им биде јасно на сите.
Извор: Макфакс