(Видео) Шпанија го ратификува протоколот за членството во НАТО
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Сенатот во Шпанија без ниту еден глас против го ратификуваше Протоколот за пристапување на Република Северна Македонија во НАТО, со што е остварена и последната ратификација на Протоколот.
Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, на заедничката прес-конференција во Владата со шпанскиот амбасадор, Емилио Лоренцо Сера изрази благодарност до Шпанија што ова прашање беше ставено на дневен ред во околности кога Европа и Шпанија се соочува со пандемијата на коронавирус.
„Шпанија сега ќе го депонира инструментот на ратификација во Стејт департментот, Вашингтон ќе ја испрати информацијата до НАТО во Брисел и ние и официјално ќе бидеме поканети да го депонираме нашиот инструмент, односно законот за ратификација на Северноатлантскиот договор, кој беше усвоен во Собранието“, рече Димитров.
Амбасадорот Сера, нагласи дека Сенатот направил нешто што е целосно ново, бидејќи за првпат во историјата се гласало електронски, од далечина.
Извор: Макфакс