(ВИДЕО) СЈО бара притвор за Трајковски, тој си го бара пасошот | Правдико

Правдико

   

(ВИДЕО) СЈО бара притвор за Трајковски, тој си го бара пасошот

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Обвинителот Гаврил Бубевски од СЈО изјави дека градоначалникот на општина Гази Баба, Тони Трајковски, обвинет во ТНТ, добил 3 уредни покани за исказ во СЈО, но не се појавил ниту еднаш. Дополнително, СЈО тврди дека Трајковски често патува и дека набрзо му истекува мандатот.

Адвокатот на одбраната, Боро Тасевски, вели дека во оваа фаза Советот на Кривичниот суд не го оценил обвинителниот акт за да може да бара притвор.

Вели дека не е водена контрадикторна постапка пред Основен 1 и дека нема утврдено основано сомнение за сторени кривични дела.

Инаку, Трајковски се товари за 2 кривични дела, со минимална казна до 5 години.

Адвокатите бараат да се укине мерката со која му е одземен пасошот.

Трајковски пред судиите изјави: „Нема да ја попречувам постапката. Тука сум, подготвен да одговорам на сите покани“.

Тој рече дека ја доставил целата документација до СЈО за објектот „Космос“.

Трајковски се пожали дека не ги добиле списите навреме. Бил во ситуација да даде одбрана без да ги види актите.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико