(Видео) Слушањето на телефонските разговори во „Поткуп“ ќе продолжи в понеделник | Правдико

Правдико

   

(Видео) Слушањето на телефонските разговори во „Поткуп“ ќе продолжи в понеделник

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Слушањето на телефонските разговори обезбедени со посебни истражни мерки во судењето за „Поткуп“ ќе продолжи в понеделник.  Премиерот, Зоран Заев, кој е обвинет во предметот, вели дека нема докази во нив и тврди дека две години бил прислушуван со ПИ-мерки. Според него, со ПИ-мерки законски е дозволено да се следи нечија комуникација максимум една година и три месеци, дури и, како што рече Заев, за најтешките кривични дела. Тој рече дека, сепак, ќе остави судот да го утврди тоа и да види кои права му се прекршени.

Судот претходно ја исклучи јавноста од денешното рочиште за предметот „Поткуп“ поради преслушувањето на телефонските разговори и друга електронска комуникација обезбедена со посебни истражни мерки.

Претходно адвокатите на Заев побараа сведочењето на Иван Николов Сачевалиев на минатото рочиште да не биде земено како доказ во постапката. Исто така, побараа да не бидат земени предвид и другите докази на обвинителството бидејќи, како што рекоа, се ирелевантни за обвинението.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико