(Видео) Снимката за „Поткуп“ трипати е прекинувана, вели Заев
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Во кривичниот суд денеска беше пуштена снимката објавена на „Јутјуб“ за случајот „Поткуп“ против премиерот Зоран Заев. Тој изјави дека и судот констатирал дека трипати самата снимка се прекинува.
„Токму тоа се деловите што ги видовме преку презентацијата на целата снимка како се разговара и објаснува дека сево ова ќе оди за цемент, за тули, за железо, за струја, за работна сила или слично. Јасна е намерата на оној што тоа го објавил во јавноста да направи комплетна дискредитација и валкање на лицето на Зоран Заев. Навистина, само преку судска постапка ваквите постапки може да се отворат и целосно да се разјаснат“, рече Заев.
Тој додаде дека верува дека преку завршните зборови на адвокатите на 15 мај за кога е закажано последното рочиште, предметот ќе биде затворен.
„Конечно да се докаже правда во Република Македонија, поврзана со мене, надевајќи се дека сите граѓани ќе дочекаат правда таму каде што секако се правични“, рече Заев.
На новинарско прашање во врска со изјавата на Никола Груевски дека договорил ослободителна пресуда, Заев рече:
„Јас знам дека уште од првиот момент огромен број од граѓаните знаат дека ова е местенка, голем дел од граѓаните знаат дека ова е само за да се спречи проектот Вистината за Македонија и политичките бомби, а денеска по ова онлајн-поврзување на доказните постапки и целиот овој процес, коментарите коишто доаѓаат преку медиумите, повеќе од јасно е дека се работи за монструозно смислена цел за некој да се спаси, за да остане подолго на власт“.
Во врска со терминот „брат ми“ кој го користи на снимката, Заев вели дека го користи во контација на тоа дека неговиот брат е вработен во менувачница во којашто Иван Николов бил клиент.
„Господинот Иван Николов е клиент на менувачница ‘Пеон’, каде што работи брат ми, и тука се разговара за тоа што ќе прави ако се парите во евра, ‘Ќе ги смениш во менувачница и ќе ги однесеш, ќе купиш, цемент, бетон, железо, тоа е твое право’. Таму се зборува, ‘колку милуваш ти пред Господ, тоа е помеѓу тебе и Господ’, значи тие делови се скратени овде и буквално кога ќе го скратите така, ете како изгледа во јавноста. Но, сега и на судот и на јавниот обвинител му е јасно што всушност било целта да се постигне преку сечењето на оваа видеоснимка и на тој начин презентирање во јавност“, рече Заев.
Извор: Макфакс