Видео: Солзавец и апсење на 130 лица на протестите во Париз | Правдико

Правдико

   

Видео: Солзавец и апсење на 130 лица на протестите во Париз

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Стотици студенти излегоа на улиците на Париз, поради промените во законот за работни односи, за кои тие сметаат дека ги намалуваат правата на работниците.

_88657167_99848811-53b4-4415-9fbf-597bc1007cc2

Француската полиција уапси 130 лица денес во Париз и употреби солзавец на стотици студенти, кои повторно излегоа на штрајк поради измените на законот за работни односи.

Полицијата соопшти дека “агресивна група” на млади лица, покриени со марами и капи, фрлале камења, јајца и шишиња врз полицијата.

Парламентот денес повторно ќе разговара за реформите на законот за работни односи, по серија штрајкови и протести, кои траат веќе еден месец.

Владата на францускиот претседател Франсоа Оланд, која се обидува да ја намали невработеноста, наведува дека со законот се поттикнува вработувањето, особено на младите луѓе, но синдикатите и студентите се чувствуваат дека се заканува на тешко изборената заштита на работниците.

Препорачуваме

Партнери на Правдико