(Видео) Советот за безбедност заседава во „Вилата Водно“ за ситуацијата со Ковид-19 | Правдико

Правдико

   

(Видео) Советот за безбедност заседава во „Вилата Водно“ за ситуацијата со Ковид-19

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Во Кабинетот на претседателот во „Вила Водно“ почна деветтата седница на Советот за безбедност, на која се разговара за актуелната ситуација поврзана со пандемијата на Ковид-19 на територијата на Република Северна Македонија и за мерките и активностите на надлежните институции.

На седницата, покрај редовните членови на Советот, по покана на претседателот Стево Пендаровски присуствува и министерот за здравство, Венко Филипче.

Со цел справување со заразата, во моментот во сила се неколку мерки, како намален капацитет на превозот на патници на 50 %, скратено работно време на угостителските објекти до 23 часот, како и забрана за групирање повеќе од 4 лица по 23 часот. Од денеска сите граѓани, освен оние што спортуваат на отворено, децата под 6 години и некои други исклучоци, ќе мора да носат маски и на отворено.

За неносење маска на отворено предвидена е парична казна од 20 евра. Мерките за носење маска не важат за лица помлади од шестгодишна возраст и за лица со посебни потреби и пречки во развојот. Забрането е групирање на јавен простор, паркови, јавни површини или која било површина на отворено, а казната е 500 евра.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико