(Видео) Спасовски: Се трага по уште шестмина за насилствата од 27 април
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на денешната прес-конференција изјави дека се трага уште по шест лица за насилствата од 27-ми април, но, како што рече, нема потерница.
А зошто биле предмет на истрага мобилните телефони на пратениците Трајко Вељаноски и Весел Мемеди треба да одговори обвинителство. По обвинувањата за сурово постапување на полицијата при приведувањето на пратениците и другите обвинети, министерот рече дека се било законски.
“Вие бевте сведоци на апсења пред камери, пред медиуми и правење филмови од тоа. Јас со задоволство можам да кажам дека оваа акција и сите во иднина нема да бидат такви, ние нема да правиме од тоа ексклузива бидејќи презумпцијата на невиност е најважна. Тврдам дека целата постапка е согасно законите и оперативните процедури.“ рече Спасовски.
Г.Н.Р
Извор: Макфакс