(Видео) Стотина мигранти се судрија со грчката полиција во обид да влезат во Македонија | Правдико

Правдико

   

(Видео) Стотина мигранти се судрија со грчката полиција во обид да влезат во Македонија

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Стотина мигранти денеска се судрија со грчката полиција, откако го напуштија кампот во Солун и се упатија кон границата со Македонија. Полицијата употреби солзавец и шок-бомби за да ги спречи во нивниот обид. Грчките медиуми пренесуваат дека меѓу мигрантите се и мајки со деца, кои бараат да ја преминаграницата за да продолжат кон Германија.

Мигрантите фрлаат со камења кон полицајците обидувајќи се да го пробијат кордонот.

Грчките власти ги повикаа мигрантите да се вратат во бегалските кампови или во спротивно им се закануваат санкции. Мигрантите се собрале откако на социјалните мрежи било објавено дека ќе биде организиран пат преку грчката граница со Албанија.

„Ги повикувам сите тие луѓе да се вратат во своите сместувања“ рекол грчкиот министер за миграција, Димитрис Вицас, за ЕРТ. Тој додал дека се работи за лажна информација дека ќе биде отворена границата. „Во меѓувреме, договорите имаат како обврски, така и санкции“, нагласил Вицас.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико