Правдико

   

(Видео) Судењето за „ТНТ“ повторно одложено поради здравствената состојба на Трајковски

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Судењето за случајот „ТНТ“ повторно се одложи поради здравствената состојба на обвинетиот ексградоначалник на Гази Баба, Тони Трајковски.

Претходно судечкиот совет одлучи да го одбие предлогот на обвинителот Бурим Рустеми за раздвојување на постапката за Трајковски. Рустеми рече дека Трајковски сам кажал дека не може да ги следи рочиштата повкувајќи се на медицинска документација.

„Не дај Боже, може да почине. Не може да му се суди во истата постапка, затоа барам и раздвојување”, рече Рустеми.

Денеска во судницата Трајковски побара да се одложи рочиштето и приложи документ од доктор во кој пишувало дека тој не можел да следи судења.

Во предметот „ТНТ“ кој се однесува на уривањето на објектот „Космос“ на бизнисменот Фијат Цановски, се обвинети и ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот премиер Никола Груевски.

Првото рочиште за „ТНТ“ се одржа на 24.01.2018 година, но поради истекот на мандатот на еден од членовите на судечкиот совет процесот се врати од почеток.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико