(Видео) Судии и новинари го промовираа Судско-медиумскиот совет | Правдико

Правдико

   

(Видео) Судии и новинари го промовираа Судско-медиумскиот совет

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Во присуство на американскиот амбасадор, Џес Бејли, и министерката за правда, Рената Десковска, беше промовиран Судско-медиумскиот совет во кој членуваат 11 новинари од 11 медиуми и 10 судии. И новинската агенција „Макфакс“ е дел од ова тело.

За подобрување на комуникацијата на судиите и новинарите, односно граѓаните денеска за првпат се формира Судско-медиумски совет (СМС). За претседател на Советот избрана е новинарката Гордана Дувњак од ТВ1, а за потпретседател Илир Сулејмани, претседател на Основниот суд Скопје 2.

Во насока на поголема соработка и отворање на судовите кон јавноста, советот се формираше по претходни искуства на вакви советодавни тела во Соединетите Американски Држави. Амбасадата на САД донесе судии и обвинители, но и обучувачи на полицијата, обвинителствата и судовите од Америка, кои низ позитивни искуства им покажаа на судиите и на новинарите дека е возможна соработка меѓу двете страни во интерес на граѓаните, кои треба да видат што се случува во судството и кому треба да му веруваат во делењето на правдата.

Мандатот на сите членови им трае 2 години, работењето е без надомест, доброволно. Овој совет го формира Здружението на судии на Македонија за да ја зголеми транспaрентноста на судството.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико