(ВИДЕО) Судот не може да одлучи дали е надлежен за сведочењето на Слободан Богоевски | Правдико

Правдико

   

(ВИДЕО) Судот не може да одлучи дали е надлежен за сведочењето на Слободан Богоевски

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Граѓанскиот суд за 5 септември го одложи судењето за клевета  на ексразузнавачот Слободан Богоевски од тужителите Али Ахмети и Муса Џафери. На денешното рочиште бил сослушан нотарот пред кого Слободан Богоевски го дал сведочењето. Нотарот се повикал на доверливост и тајност на податоците кои биле изнесени во сведочењето согласно етичкиот кодекс на нотарите.

Судот сè уште не може да одлучи за стварната и месната надлежност на предметот со оглед на фактот дека Слободан Богоевски изјавата ја дал пред Окружниот суд во Њујорк. До следното рочиште судот треба да ги разгледа тезите на тужителите и одбраната.

Во овој предмет, по основа на клевета, лидерот на ДУИ од Богоевски бара отштета од 3 милиони денари, а Муса Џафери од 2,5 милиони денари.

В. Маглешов

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико