Правдико

   

(Видео) Судот во Индија го легализираше геј-сексот

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Врховниот суд во Индија донесе одлука за легализација на геј-сексот и тој повеќе нема да се смета за кривично дело.

Со најновата одлука на судот се поништува пресудата од 2013 година, во која врз основа на zаконот од колонијално време, геј-сексот беше категоризиран како „неприродно дело“.

Судот сега пресуди дека дискриминацијата врз основа на сексуална ориентација е основно нарушување на правата на човекот.

Поборниците за легализација на геј-сексот се собраа пред судот и со овации ја дочекаа пресудата, некои од нив и насилно влегоа во судот за време на читањето на одлуката, дел, пак, со солзи на очите ја дочекаа пресудата.

Партнери на Правдико