(Видео) Судскиот совет некогаш ги почитува, а некогаш не ги почитува бодовите за унапредување на судиите | Правдико

Правдико

   

(Видео) Судскиот совет некогаш ги почитува, а некогаш не ги почитува бодовите за унапредување на судиите

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

45,1 отсто од адвокатите сметаат дека временски најдолги се второстепените постапки (пред апелациските судови) и со тоа доведуваат до одолжување на судењата, а 38,7 отсто од адвокатите сметаат дека првостепените постапки (основните судови) се временски најдолги. Ова е дел од анализата на Институтот за човекови права, Институтот за европска политика и Македонското здружение на млади правници во проектот „Заедничка акција за итни реформи во судството“, која беше презентирана денеска.

Како појдовна точка за анализата беа првиот извештај објавен 2015 година од високата група експерти, предводена од Рајхард Прибе, и донесените итни реформски приоритети од Европската комисија.

Анализата, меѓу другото, препорачува деполитизација на изборот и на унапредувањето на судиите и јавните обвинители во практиката врз основа на транспарентни, објективни и критериуми засновани на заслуги, примена на хармонизиран систем на учинок заснован на квантитатитвни, но и на квалитативни стандарди како основа за кариерен напредок во судството и во Јавното обвинителство; да се отстранат елементите од системот за дисциплинска одговорност и за разрешување на судиите што во моментот ја поткопуваат судската независност, обезбедување професионализам на Судскиот совет во практика, а не само во теорија (т.е. јасен и предвидлив тест за примена на критериумот истакнат правник), поактивна улога на Судскиот совет и на највисоките судови во заштита на независноста и во заштитата од влијанија…

Мирослав Драганов од Институтот за човекови права порача дека е важно реформите од итни да станат битни, односно да се работи на квалитетни и длабински решенија кои ќе осигураат доверба на граѓаните во сите сегменти на судството. Тој како пример го посочи Судскиот совет во кој некогаш се почитуваат, а некогаш не се почитуваат бодовите за унапредување судии.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико