(Видео) Тензии на протестот за „Монструм“: Полициски кордон го спречи движењето на демонстрантите
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Семејствата на осудените за „Монструм“ нема да можат да го поминат полицискиот кордон на крстосницата после Бит-пазар.
Силно полициско обезбедување, оклопни возила, специјалци го обезбедуваат протестот кој беше најавен со рута од Чаир до кривичниот суд, па до Владата. Демонстрантите кај Бит-пазар беа пречекани од кордони од стотици полицајци.
Роднините протестот го најавија во вторникот, во знак на револт против изречените затворски казни.
Семејствата на осудените излегоа на протест откако на повтореното судење Кривичниот суд изрече три доживотни казни за тероризам, една казна затвор на 15 години и една на 9 за петкратното убиство во 2012 година на Смилковското Езеро.
Агим Исмаиловиќ, Африм Исмаиловиќ и Алил Демири треба да одлежат доживотно, но последните двајца се во бегство во Косово и досега не се екстрадирани.
За шестиот обвинет, Сами Љума, обвинението беше отфрлено, поради немање докази, а трошоците за неговото судење паѓаат на грб на државниот буџет.
До правосилност на пресудата, осудените остануваат во притвор.
Адвокатите на обвинетите најавија дека ќе ја обжалат одлуката и дека ќе се повикуваат на пресудата на Врховен суд, со која се ослободени обвинетите.
Во претходното судење петмината беа осудени на доживотен затвор, но Врховниот суд во декември 2017 година ја укина пресудата, а случајот „Монструм“ потоа го презеде СЈО и судењето почна од почеток. Кај Смилковското Езеро беа убиени Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски и Александар Наќевски и Борче Стефановски.
Извор: Макфакс