(Видео) Тодоровиќ ја платил штетата од 433 илјади евра на општина Центар
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Ексградоначалникот на општина Центар, Владимир Тодоровиќ и другите двајца осомничени за малверзации при изградбата на мостот „Око“, ја надоместиле штетата на општинскиот буџет, за која е поднесена пријава против нив од страна на Управата за финанасиска полиција. Како што соопшти директорот, Арафат Муареми, станува збор за сума од околу 433 илјади евра.
– Штетата од 26 653 420 милиони денари, пријавените се согласија да ја надоместат во целост за што добвиме потврда и од општина Центар на 30.06.2018 дека парите се вратени на буџетската сметка на општина Центар, рече Муареми.
Од Финансиската полиција посочија дека за проектот „Скопје 2014“ се водат повеќе истражни дејствија но не сакаа да откријат за кои објекти станува збор, со образложение да не се наштети на истрагата.
Извор: Макфакс