(Видео)Трајчева: Возраста на професорите не може да биде олеснителна околност за помали казни | Правдико

Правдико

   

(Видео)Трајчева: Возраста на професорите не може да биде олеснителна околност за помали казни

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Обвинителката од Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција, Ивана Трајчева, која го застапуваше предметот „Еразмус“, по пресудата рече дека ќе почека писмен поднесок за потоа да одлучи дали ќе се жали на повисокиот суд за одмерените казни. Трајчева нагласи дека возраста на професорите не може да биде олеснителна околност за тие да добијат помали казни, бидејќи, истата таа возраст не ги спречила да бараат пари и сексуални услуги од студенти.

„По однос на казните, би почекала да видам кои отежителни односно олеснителни околности ги ценел при одмерувањето на казните кои беа огласени за виновни. Она што судот го напомена, што била олеснителна околност при одлучувањето, тоа е возраста, тука морам да кажам дека возраста може да биде олеснителна околност бидејќи истата таа возраст не ги спречила обвинетите да ги бараат сексуалните услуги и да бараат парични средства за да се положат испити. Треба да се има во предвид дека станува збор за професори, луѓе кои уживаат посебен углед во општеството и кои треба да образуваат академски граѓани. Што станува ако академските граѓани се образуваат на овој начин, со плаќање испити или давање сексуални услуги, што е многу полошо“, рече Трајчева.

Запрашана за ослободителната пресуда која судот ја изрече за префосорот Стојан Дебарлиев, обвинителката рече дека останува на она што го пишува во обвинението. За жалба во однос на ваквата одлука од судечкиот совет, ќе одлучи откако писмено ќе ја добие пресудата.

„Очекував да биде донесена осудителна пресуда и тоа за сите обвинети, имајќи во предвид дека Обвинителството остана до крај на она што го пишува во обвинението. Доколку Обвинителството нема доволно докази за било кој од обвинетите, еве во случајот за обвинетитот Стојан Дебарлиев, тогаш ќе се откажеше од кривичен прогон против него при давањето на завршниот збор. Но, бидејќи јас останав, сметам дека во текот на постапката, се изведоа доволно докази за да се докаже дека го направил делото кое му се става на товар. Сепак, ние ќе почекаме да добиеме писмен примерок од пресудата, за да видиме дали ќе поднесеме жалба или не, додаде Трајчева.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико