(Видео) Трамп и Ким потпишаа документ што ќе донесе нови промени во светот
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Се случи и историското ракување за кое целиот свет беше во исчекување. Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун и американскиот претседател Доналд Трамп си подадоа рака еден на друг и потпишаа заеднички документ. По потпишувањето, Трамп изјави дека со Ким имаат специјална врска.
„Ми беше чест да бидам со тебе“, му рече Трамп на Ким.
Трамп порача дека бргу ќе почне процесот на денуклеаризација на Корејскиот Полуостров и дека состанокот поминал подобро од очекуваното.
Ким му се заблагодари на Трамп за одржувањето на средбата, која е прва средба на американски претседател со севернокорејски лидер.
„Имавме историски состанок и одлучивме минатото да го оставиме зад нас и да потпишеме историски документ“, порача Ким и најави дека светот ќе види големи промени.
Американски високи претставници соопштија дека се работи за договор со кој се потврдува напредокот во разговорите и ветување да се продолжи со исто темпо понатаму.
На прашањето дали Трамп ќе го покани Ким во Белата куќа, Трамп рекол дека апсолутно ќе го направи тоа.
Извор: Макфакс