Видео: Уапсени седум лица кои ги помагале терористите во Диво насеље и Гошинце | Правдико

Правдико

   

Видео: Уапсени седум лица кои ги помагале терористите во Диво насеље и Гошинце

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Mинистерството за внатрешни работи во раните утрински часови, во координација и со наредба на надлежниот јавен Обвинител, отпочна со реализација на Оперативната обработка „Молња“ која имаше цел да ја открие целокупната мрежа на соработници и помагачи на криминално-терористичката група која беше стационирана во „Диво Насеље“ во Куманово.

de0b1284-ee45-44a1-81d9-6ecbb398b04b-molnja 213213514545 (1)

Во текот на досегашната истрага соодветно беше документирана нивната улога и поврзаност со случувањата во „Диво насеље“, како и инволвираноста во претходниот напад на Полициската станица во „Гошинце“. Осомничените главно имале улога на логистичари, односно при двата кривично-правни настани и помагале на групата во извршувањето и прикривањето. Освен помагањето на криминално-терористичката група од „Диво насеље“, еден од осомничените имал обиди во текот на полициската акција да мобилизира помлади лица и со таа група да изврши напади во Скопје, да ја дефокусира полицијата и да ја намали нејзината сила во напорите за совладување на вооружената група во Куманово.

Станува збор за седум лица на возраст од 20 до 74 години, од кои три се од кумановското село Отља, две од скопско Брест и по едно од Арачиново и Матејче. Сите седуммина се осомничени за извршување на кривични дела „Терористичка организација“  по чл.394-а и „Тероризам“ по чл.394-б вв со чл.24 „Помагање“ од КЗ на РМ.

Од страна на МВР на РМ врз основа на судски наредби за претрес на дом и други просториии извршени се претреси на пет локации и тоа две во с.Отља, две во с.Брест и една во с.Матејче. При претресите пронајдени се карти на голема Албанија, униформи на УЧК, 13 телефонски апарати, автоматска пушка, седум рамки за автоматска пушка, 127 куршуми 7,62 мм, две ловни пушки, гасен пиштол, машина за полнење патрони, сачми, околу 60 патрони, два испукани патрони, два детектори за метал, мапи и ВХС касети, лисици за врзување, 1400 евра, 45 куршуми 7,9 мм, фотографии со припадници на УЧК, оптички нишан и други предмети и траги кои ќе бидат предадени на надлежниот Јавен Обвинител.

При реализирањето на акцијата, не се регистрирани инциденти, а во моментов лицата се изведуваат пред Судија на претходна постапка при Основен суд Скопје 1.

Поголемиот дел од осомничените веќе се познати на полицијата и против нив во повеќе наврати се поднесувани разни кривични пријави за кои им се изрекувани и затворски казни од надлежните судови.

Извор: МВР

Партнери на Правдико