(ВИДЕО) УЈП откри скандал – 37 фирми биле амнестирани од плаќање данок | Правдико

Правдико

   

(ВИДЕО) УЈП откри скандал – 37 фирми биле амнестирани од плаќање данок

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Директорката на УЈП, Сања Лукаревска, презентира случај на незаконско дејствување во кој биле вклучени високи функционери од минатата власт. Се работи за изземање фирми од присилна наплата на долгови, односно 37 фирми биле повластени пред законите што важеле за сите други.

Во изминатите две години, односно во периодот 2015-2016 година, 37 фирми од Скопје, и приватни и државни правни субјекти, биле отстранувани од постапки за присилна наплата на милионски долгови. Според Лукаревска, станува збор за амнестија за плаќање данок на штета на буџетот на РМ.

Лукаревска вели дека никој не смее да биде амнестиран, но и дека не смее да ги открие имињата на фирмите. Таа најави истрага и постапки за дисциплинска одговорност за вработени во УЈП кои биле инволвирани во овие незконски постапки.

Засега само двајца вработени се опфатени со дисциплинска одговорност, кои незаконското работење го правеле во информатичкиот систем.

В. Маглешов

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико