Правдико

   

(Видео) УЈП во затворот го извести Јовановски за финансиската контрола на неговата невладина

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Инспектори на УЈП влегоа во затворот во Шуто Оризари за да го известат притворениот Бојан Јовановски, претседател на невладината Меѓународен сојуз, која е предмет на финансиска контрола.

УЈП првично побарала налог од Кривичниот суд за да влезе во затворот бидејќи се работи за притворено лице.

Во согласност со процедурата тие треба да го известат Јовановски дека инспектори влегуваат во невладината по што ќе следува постапка за прибирање на документите неопходни за контрола, кои ќе покажат дали невладината работела во согласност со законот, односно дали биле намирени сите даночни обврски.

Според информации од затворот, на Јовановски утрово му се слошило, била повикана брза помош и му била укажана лекарска помош.

Инспекторите се должни Јовановски да го известат само за Меѓународниот сојуз, а за „БМЈ груп“ и „1ТВ“ испратени се налози дека од понеделник треба да почнат финасиските проверки.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико