(Видео) Уништени 590 пушки и пиштоли на МВР во „Фени“ | Правдико

Правдико

   

(Видео) Уништени 590 пушки и пиштоли на МВР во „Фени“

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Во погоните на „Фени Индустри“ во Кавадарци денеска беше извршено уништување на разновидно неупотребливо и трајно оштетено службено оружје (полуавтоматски, автоматски пушки, пиштоли и друго) коешто досега било складирано и во поранешна употреба во Министерството за внатрешни работи.

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, рече дека се работи за  590 парчиња оружје, од кои најголемиот дел се однесува на автоматски пушки, пиштоли, полуавтоматски и воздушни пушки, пушкомитролези и слично оружје што практично одамна, поради својата техничка неисправност е надвор од формациска употреба во организационите единици при МВР.

Од МВР велат дека со оглед на фактот дека за ваков вид и обем на активност во државава постојат само три правни субјекти, „Макстил“, „Југохром“ и „Фени Индустри“, кои располагаат со печки за топење, а две од тие три фирми во моментов воопшто не ги користат таквите печки, изборот беше „Фени Индустри“. Притоа, раководството на комбинатот се согласило без никаков надомест да го реализира уништувањето на оружјето.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико