(Видео) Венециската комисија: Потребно е допрецизирање на законите од правосудството | Правдико

Правдико

   

(Видео) Венециската комисија: Потребно е допрецизирање на законите од правосудството

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Делегација на Венециската комисија денеска се сретна со пратениците од владејачкото мнозинство, како и со претставници на партиите од опозицијата. Разговарале за реформските закони во правосудството. Законот за јазиците не бил тема на денешната средба.

– Задоволни сме од средбите, оценуваме дека постапките се во правилна насока, има нешта што треба да се допрецизираат, но важно е дека и власта и опозицијата сакаат да се произнесе Венециската комисија за законите да бидат ефикасни. Се разговараше за два закона – Законот за Судскиот совет и Законот за судовите, но не и за законот за јазиците – рече претставникот на Венециската комисија, Филип Димитров.

Четиричлената делегација на Венециската комисија, која е во работна посета за евалуација на измените на законите од областа на судството, вчера имаше состанок со министерката за правда, Рената Дескоска.

Министерката Дескоска на средбата потенцира дека се потребни квалитетни долгорочни законски решенија за воспоставување независен, кредибилен и професионален судски систем во Република Македонија. Tаа дополни дека е потребен консензус и поддршка од опозицијата во законодавниот дом за ваквите законски измени што се носат со двотретинско мнозинство, но потенцира дека нема да отстапи од првичната цел – независно судство.

Делегацијата на Венециската комисија ќе се сретне и со претставници на Уставниот суд, Врховниот суд, Здружението на судиите на Република Македонија, Судскиот совет, Јавното обвинителство, како и со граѓанските организации.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико