(ВИДЕО)Владата го продолжи рокот за легализација на бесправно изградени објекти
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.За да биде праведна и достапна за сите легализацијата на бесправно изградените објекти, Владата донела одлука да го продолжи рокот за легализирање до крајот на следната година.Сите граѓани кои претходно не успеале да поднесат барање за легализација, сега можат да го остварат во дополнителен рок, сметано од први јануари до 31 декември 2018 годинава. Ова денес на прес конференција го соопшти Благој Бочварски, потпретседател на СДСМ.
Дополнително, ќе следуваат и нови шест месеци, сметано од први јануари до 30 јуни 2018 година за сите граѓани кои за претходните барања не ја обезбедиле неопходната документација, за да стекнат право во овој дополнителен рок да поднесат нови барања со комплетна документација.
И натаму остануваат истите потребни документи за аплицирање, а услов за легализација е објектот да бил изграден заклучно со 3 март 2011 година.
„Со овие измени на Законот за постапување со бесправно изградените објекти излегуваме во пресрет на илјадници граѓани кои досега поради различни причини не можеа навремено и комплетно да аплицираат за легализација на своите објекти.Затоа, ги повикуваме останатите пратенички групи да дадат поддршка на измените бидејќи тие се исклучиво во интерес на граѓаните“, порача Благој Бочварски, потпретседател на СДСМ.
Извор: Макфакс