Правдико

   

(Видео) Власта ќе бара 80 пратеници за продолжен мандат за СЈО

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Министерката за правда, Рената Треневска-Дескоска, изјави дека двата предлог-закона за специјалното јавно обвинителство и за Јавното обвинителство се достапни за коментирање на ЕНЕР, одговарајќи на новинарско прашање дали власта може да обезбеди 80 пратеници за да му се продолжи мандатот на СЈО.

,,Ќе се вршат интензивни консултации со пратениците за да видиме до кое ниво на регулирање може да обезбедиме 80 пратеници”, рече Дескоска, додавајќи дека обезбедувањето поддршка од пратениците е за прашањето дали е поприфатливо СЈО да биде засебно како и досега, или да биде во склоп на Јавното обвинителство.

Министерката рече дека се предвидени експертски дебати за овие прашања, но дека сè зависи од волјата на пратениците.

Специјалниот јавен обвинител ќе може кривично да ги гони претседателот на државата, амбасадори и други претставници на државата во странство, предвидува предлог-законот за специјалното јавно обвинителство, објавен на ЕНЕР. Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите ќе се трансформира во специјално јавно обвинителство.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико