(Видео) Заев доби кривична пријава за загрозување уставен поредок
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Партијата „Левица“ денеска во Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против премиерот Зоран Заев за нарушување на уставниот поредок на државата. Според Димитар Апасиев, со последните официјални изјави на Заев од 17 мај, за преговорите, премиерот ги загрозил преговарачките позиции на Македонија и ја довел државата во зависна положба од друга држава.
„Со јавното ветување на Заев пред грчкиот премиер Ципрас за прифаќање промена на уставното име за севкупна употреба – ерга омнес и ветувањето дека тој ќе се заложи да се промени името на државата за внатрешна и надворешна употреба, Заев го загрози уставниот поредок на Македонија“, рече Апасиев.
Од „Левица“ додаваат дека постои можност да ја прошират пријавата и против други лица, како пример го посочи шефот на дипломатијата, Никола Димитиров, кој, според нив, јавно признал дека тој стои зад ваквиот предлог од македонска страна. Побараа Заев да биде повикан на распит и очекуваат обвинителството да ја процесуира пријавата.
Извор: Макфакс