(Видео) Заев: Европските лидери добро ја разбираат нашата порака – идентитетот не е за преговори
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Премиерот Зоран Заев денеска ги сумира резултатите од средбите кои во изминатите два дена нашата владина делегацијата ги оствари со највисоките претставници на Европската комисија и на Европскиот парламент.
„Ви се обраќам од Мисијата на Северна Македонија, тука од срцето на Европската Унија, од Брисел. Имавме интензивни средби со највисоките претставници на европските институции – и осигуравме дека и во Европската комисија и во Европскиот парламент и во која било друга европска институција клучните претставници знаат и разбираат дека нашиот македонски идентитет не е за преговори и никогаш нема да биде за преговори.
Фон дер Лаен, Вархељи, Сасоли, Борел, Тимерманс, Лајчак, Вебер, Ќучук, Чолош – сите европски лидери и претставници ја знаат и ја разбираат нашата позиција – додека некој се обидува, а гледаме дека се обидува, македонскиот јазик и македонскиот идентитет да го стави на европската маса за преговори, ние нема да преговараме“, рече Заев во обраќањето.
Премиерот порача дека македонскиот народ има гордост и сопствен идентитет.
„Гордоста можеме да ја засилуваме или смируваме, но идентитетот и јазикот македонски ни е неприкосновен, еден и единствен, непроменлив. Тргнете ја секоја дискусија за македонскиот јазик и македонскиот идентитет од масата за разговори во Брисел – по тоа, можеме да продолжиме да разговараме за нашата европска иднина“, е пораката на Заев до европските челници.
Тој вели дека со македонскиот идентитет не смее и нема да си игра ниту оваа Влада ниту која било друга влада, а уште помалку друга држава или Унијата, во која не сме членка.
„На овој заеднички пат секој треба да си ги заврши своите обврски – Северна Македонија многу сработи, испорачавме реформи, испорачавме и правда – време е и ЕУ да го испорача ветеното кон нас“, порача македонскиот премиер.
Тој најави дека европската агенда продолжува од Брисел во Мадрид, а потоа и на економскиот форум „Делфи“ во Атина.
Заев во Брисел е придружуван од вицепремиерот задолжен за европски прашања, Никола Димитров, и од министерот за надворешни работи, Бујар Османи.
Извор: Макфакс