(Видео) Запалени палми во кругот на болницата ,,Жан Митрев”, сторителите снимени со камера | Правдико

Правдико

   

(Видео) Запалени палми во кругот на болницата ,,Жан Митрев”, сторителите снимени со камера

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Клиниката „Жан Митрев“ информира дека изминативе денови се случиле инциденти во кругот на болницата кога група млади луѓе од непознати причини запалиле дел од палмите. Инцидентот е регистриран од безбедносните камери на болницата и снимките ќе бидат искористени за понатамошна истрага во која ќе се бара кои се сторителите и кои се мотивите за тоа. Од клиниката во допис до медиумите испратија и видеоснимка за настанот.

„Последните неколку дена во кругот на ‘Жан Митрев клиник’ се случија два немили настана во кои настрадаа две палми. Во два одделни исценирани инциденти група млади лица во ноќните часови запалија дел од палмите засадени во градината околу паркингиот на клиниката“, се вели во соопштението до медиумите.

Првиот случај бил регистриран рано наутро во саботата (11.8.2018) во 1.30 часот, а вториот на 15.8.2018 во 2.30 часот. Ицидентот е регистриран од безбедносните камери на болницата.

„На снимките во првиот случај се гледаат неколку млади лица како се приближуваат до влезот на паркингот и едниот од нив со запалка го пали стеблото на палмата, која за неколку секунди вивнува во пламен. Во вториот случај на безбедносните камери вандалите се симнуваат од автомобил и со покриено лице се упатуваат до една од најблиските палми и исто така ја запалуваат по што се качуваат во автомобилот и бегаат од местото“, велат од клиниката.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико