(Видео) Затворски казни за двајцата обвинети за насилството во Собранието
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Затворски казни за двајцата обвинети за насилството во Собранието на 27 април изрече кривичниот суд во Скопје. Обвинетиот Цејо Георгиевски е осуден на една година и два месеца, а три години затворска казна доби Стојан Павлевски. Во казната ќе им се пресмета и времето поминато во притвор.
Стојан Павлевски прв влегол и се упатил кон пратениците и почнал да ги напаѓа, образложи судијката, според која тоа е причината за повисоката затворска казна што што му е изречена.
– Ако некој си зема право вака да влегува и да се однесува во законодавниот дом, што се случува со другите објекти, што се случува со домовите на граѓаните? За ова мора да се сносат последици – рече судијката при читањето на пресудата.
На двајцата им се судеше за насилство во одвоената постапка за нападот врз пратеникот Зијадин Села во Собранието од 27 април минатата година. Стојан Павлевски и Цејо Ѓоргиевски признаа вина кога обвинителот го преиначи обвинението од обид за убиство на Села во насилство. На снимките ги немало двајцата како го тепаат Села, туку само се гледало дека меѓу првите влегуват во прес-центарот и почнуваат да фрлаат и замавнуваат со предмети врз пратениците.
Обвинителот Дарко Јакимовски во завршните зборови кажа дека со оглед на признанието на вината судот обвинетите да ги прогласи за виновни и казни за стореното дело.
„Казната за ова дело е од шест месеци до пет години, што отвора можност за алтернативна санкција. Сметам дека какво било алтернативно казанување ќе значи банализација на делото. Ако вака лесно се влегува во Собранието и се напаѓа, што станува со другите заштитени објекти. Обвинетите биле свесни, без разлика на поводот, дека ја надминале дозволената граница“, рече Јакимовски. Тој додаде дека обвинетите не одговараат само за напад врз Села, туку за целокупните дејства во Собранието и прес-центарот.
Постапката за седуммина обвинети за крвавиот напад врз Села во Собранието продолжува на 2 и 5 јули за кога се закажани завршни зборови. За обид за убиство на Села, според новиот обвинителен акт, обвинети се Кире Георгиевски, Оливер Ошавковски, Николче Димитриевски, Александар Јаневски – Тошта, Андреј Мицов, Никола Војминовски и Коста Делов.
Извор: Макфакс