(ВИДЕО) Зврлевски ќе зборува во Собрание откако ќе ги слушне репликите на пратениците
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Јавниот обвинител Марко Зврлевски ќе зборува од собраниската говорница кога ќе ги сослуша репликите и контрарепликите од пратениците за негово разрешување.
„По мојата логика, секоја реплика и контрареплика ќе биде дел од експозето на владата која мене ме напаѓа, а ја би сакал да ги слушнам репликите и контрарепликите па да можам да дадам свое излагање“, рече Зврлевски.
Во Собранието денеска почна расправата за разрешување на Зврлевски, на предлог на Владата. Заменик-министерот за правда, Оливер Ристовски, пред пратениците го прочита образложението зошто се бара разрешување на обвинителот. Според него, Зврлевски потфрлил во името на партискиот старешина.
„Зврлевски молчеше за Македонска банка, за Актор, за прислушуваните материјали, за барањето до Врховен суд за притворот на Сеад Кочан“, рече Ристовски.
Пратеникот Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ рече дека најголема вина на јавниот обвинител Марко Зврлевски е што случајно го открил поткупот на Зоран Заев.
Извор: Макфакс