Видови на децентрализација | Правдико

Правдико

   

Видови на децентрализација

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

dssdsdsdsdsДецентрализацијата може да биде политичка, административна, економска и финансиска. Секоја од овие димензии е многу значајна за добро организирано демократско и пазарно општество.
Политичката децентрализација значи пренесување на соодветни надлежности, финансии и автономија во одлучувањето од централната на локалната власт. Таа значи и поактивно вклучување на граѓаните во процесите на одлучувања, како и потенцијалното јакнење на граѓанското општество. Во тој контекст, граѓаните поактивно се однесуваат кон проблемите во општеството и директно учествуваат во изнаоѓањето на најдобрите решенија.Политичката децентрализација подразбира воспоставување демократски принципи и вредности (добро владеење) и се потпира врз јакнењето на граѓанската култура (образование за демократија).

Административната децентрализација значи промена на односите внатре во самата држава, и посебно меѓу централната и локалната власт, со кои се потиснува хиерархискиот однос и се воведува принципот на партнерство. Административната децентрализација значи дека локалната самоуправа добива поголема автономија во реализацијата на надлежностите и, заедно со државната управа, прераснува од апарат на власта над граѓаните во сервис на граѓаните. Овој процес подразбира модернизација на државата и на процесите на управување (е-влада, е-општина), зголемување на сензибилитетот за потребите на граѓаните, како и обезбедување квалитетни услуги за граѓаните над минимумот дефиниран со постојната легислатива (добро владеење).

Постојат повеќе типови административна децентрализација:

► Најблагата форма е таканаречената деконцентрација, која значи пренесување на
одлучувањето од централно на локално ниво. Многумина сметаат дека овој тип де-
централизација не е децентрализација во вистинската смисла на зборот, бидејќи
единицата на локална самоуправа е само просторна испостава на централната
власт без поголема самостојност.

► Делегација на власта значи пренесување на надлежностите и одговорностите од централно на локално ниво, со тоа што ЕЛС има право самостојно да ги извршува работите, но има и обврска постојано да поднесува извештаи до централната власт.

► Најсилен тип децентрализација е деволуцијата, која подразбира пренесување на надлежностите, финансиите и управувањето од централната на локалната власт. ЕЛС имаат свои избори, свои органи, свои функционери, свои надлежности, имот, финансии и се автономни во одлучувањето. ЕЛС се единствено подложни на контрола на уставноста и законитоста од страна на централната власт, така што конечната оцена за квалитетот на одлуките и на актите во спорните случаи ја носи судот.

Фискалната децентрализација е суштинска компонента на сите видови децентрализација, а посебно на деволуцијата. Децентрализираните ЕЛС не можат да ги реализираат своите надлежности независно ако немаат доволни и постојани финансиски извори, како и власт да донесуваат финансиски одлуки (да утврдуваат видови данок, да одлучуваат за даночните стапки и самостојно да ги собираат даноците). Овој тип децентрализација подразбира јакнење на политичката и на финансиската самостојност на локалните власти.

Економската децентрализација е процес на повлекување на политиката од просторот на одлучување за економските процеси и редистрибуција на општественото богатство. Овој вид децентрализација е основа на економските реформи во транзициските општества. Една од најзначајните активности на една власт е распределбата на јавните добра и ресурси. Преку механизмите, начините и праведноста на распределбата може
да се види природата на дадената држава. Економската децентрализација подразбира дерегулација и на централно и на локално ниво, како и приватизација на економијата, вклучително и во давањето на јавните услуги.

Извор: Фондација Отворено општество – Македонија, Прирачник за децентрализација

Препорачуваме

Партнери на Правдико