Видови на инвестициони фондови и ризиците од вложувањата | Правдико

Правдико

   

Видови на инвестициони фондови и ризиците од вложувањата

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

investment-fundСпоред Законот за инвестициони фондови Инвестициски фонд се здружени парични средства наменети за инвестирање, прибрани од инвеститори преку јавен повик или приватна понуда, со кои за сметка на инвеститорите управува друштво за управување со фондови; Значи, суштината на функционирањето на инвестиционите фондови се состои во прибирање на капитал по пат на продажба на неговите акции или документи за удел, на населението. Така формираниот финансиски потенцијал потоа фондовите го пласираат во акции и обврзници на трговските друштва и на државата. Всушност, тие вршат посредување меѓу секторот на населението, како инвеститор, и трговските друштва и државата, како издавачи на хартии од вредност, со цел да го олеснат процесот на купување на хартии од вредност од страна на населението.

Оттука Инвестиционите (инвестициски) фондови всушност претставуваат институции за колективно инвестирање т.е професионално управувани форми на инвестирање, кои се основаат со цел здружување на парични средства од домашни и/или странски физички и/или правни лица, кои потоа се вложуваат на пазарот на капитал во најразлични хартии од вредност: акции, обврзници, записи и сл. Со собраните средства во фондот управува друштво за управување со инвестициони фондови. Имотот на инвестициони фонд е во сопственост на неговите членови пропорционално во однос на нивното учество во фондот и истиот е одвоен од друштвото за управување со инвестициони фондови.

Вложувач е сопственик на удели во отворениот инвестициски фонд, односно сопственик на акции (акционер) во затворениот инвестициски фонд;

Инвестициски фонд може да се основа како отворен инвестициски фонд, затворен инвестициски фонд и приватен инвестициски фонд.

Отворениот инвестиционен фонд се основа за здружување на парични средства наменети за  инвестирање од домашни и/или странски физички и правни лица и / или Република Македонија преку jавен pовик, со кои за сметка на инвеститорите управува Друштвото за управување со фондови.
Имателот на удел во инвестиционен фонд е сопственик на пропорционален дел од целокупниот имот на фондот зависно од бројот на удели кои ги поседува и во секое време имаат право да побараат исплата на уделот, со што ќе истапат од фондот . Со тоа, отворените инвестициони фондови им овозможуваат на своите иматели на удели да своите средства ги вложат на начин на кој тоа не би било можно за секој од нив поединечно, користејќи стручно знаење и техники на друштвата за управување со инвестициони фондови.
Средствата на отворениот инвестиционен фонд, собрани со издавање и јавна продажба на удели во фондот, како и имотот стекнат со вложување на уплатените парични средства, вклучувајќи приходи, и права кои произлегуваат од имотот на фондот го прават отворениот инвестиционен фонд посебен имот во заедничка сопственост на сите иматели на удели во фондот.

Затворен инвестициски фонд  е акционерско друштво кое се основа за прибирање парични средства по пат на јавна понуда на акции и вложување на тие средства при што се применува принципот за диверзификација на ризикот. Тие издаваат акции и слично како останатите акционерски друштва, со закон им е забрането да вршат откуп на сопствените акции и нивните акции котираат на берзи или на други регулирани пазари на капитал, а на акционерите им се даваат одредени гласачки права. Бидејќи се формираат како правни лица, тие се среќаваат како корпоративни фондови, инвестициони компании и сл.

Приватен инвестициски фонд (во натамошниот текст: приватенфонд) претставува посебен имот, без својство на правно лице, формиран со цел за прибирање на парични средства преку приватна понуда за продавање на документи за удел во фондот, чии средства се вложуваат во согласност со целите на вложување утврдени со проспектот на приватниот фонд. Сопствениците на документите за удел имаат право, покрај правото на удел во добивката на приватниот фонд, да бараат и исплата на уделот и на тој начин да истапат од фондот, на начин и под услови утврдени со проспектот на фондот.Карактеристично за приватните фондови е тоа што тие се основаат на ограничено време кое не може да биде подолго од 8 години.

Учество во добивката од Фондот

Добивката на Фондот се утврдува во ревидираниот финансиски извештај и во годишната сметка на Фондот и во целост им припаѓа на сопствениците на документите за удели, сразмерно на нивното учество во имотот на Фондот.Политиката на Фондот за распределба на добивката е добивката да биде реинвестирана во Фондот. Сопствениците на документите за удел даваат согласност за реинвестирање на добивката со самото поднесено барање за купување на документи за удели. Правото на учество во добивката на сопствениците на документите за удел го остваруваат со
откуп односно продажба на документите за удел, по доставување на писмено барање за откуп на документите за удел.

Ризици од вложувањата

Вложувањата на инвеститорите во удели во фондот изложени се, како што е и случај со вложувањата во останатите финансиски инструменти на ризици. Во основа, ризикот на вложувањето на пазарите на капитал се состои од постоењето можност приносот да биде незадоволителен или воопшто да не постои. Со цел намалување на тој ризик се препорачува долгорочен пристап при вложувањето.

Основни ризици со кои се соочува инвеститорот се:
– ризик од промена на пазарната цена на хартиите од вредност (пазарен ризик)
– ризик од промена на курсевите (валутен ризик)
– кредитен ризик
– ризик од промена на даночните прописи
– ликвидносен ризик
– политички ризик
– каматен ризик

–ПРАВДИКО–

Препорачуваме

Партнери на Правдико