Правдико

   

Видови на работен однос- Надомест на штета од работен однос – Коментар, обрасци и практични упатства за современите и успешни кадровски служби

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Cover-za-knigata

Во продажба е  излезено првото издание на книгата “ Видови на работен однос – Надомест на штета од работен однос – Коментар, обрасци и практични упатства за современите и успешни кадровски служби “ од професор Д-р Војо Беловски, вонреден професор на Правниот факултет при Универзитетот Гоце Делчев во Штип.

Во првиот дел од овој труд се анализираат моделите на ангажирање на работниците во работниот процес кај работодавачите преку формите на договорите за вработување и нивната содржина насловен како Видови на работен однос и тоа:

1.Договор за вработување на неопределено време; 2. Договор за вработување на определено време; 3. Договор за вработување (работен однос) со пробна работа; 4. Договор за вработување со приправници (приправнички работен однос); 5. Волонтерски стаж; 6. Договор за вработување со неполно работно време; 7. Двоен работен однос; 8. Дополнително работење; 9. Договор за вработување со вршење на работа дома – работен однос надвор од деловните простории на работодавачот; 10. Договор за вработување на куќни помошници.

Дадени се примери на образци на наведените договори за вработување како урнек за нивна практична примена.

Во вториот дел Надомест на штета од работен однос и прекршочна и кривична одговорност на работодавачот за штети причинети на работникот и на трети лица, предмет на обработка и анализа е: одговорност на работникот за штета причинета на работодавачот; одговорност на работодавачот за штета причинета на работникот и на трети лице; прекршочна и кривична одговорност на работодавачот за штета причинета на работникот и на трети лица; одговорност на работодавачот за непочитување на прекршочните одреди од ЗБИЗР.

Штетата претставува повреда на нечие субјективно право или правен интерес.

Ако работникот на работа или во врска со работата намерно или со крајно невнимание му предизвика штета на трето лице, работодавачот е должен на тоа лице да му ја надомести штетата, а работникот ќе биде должен да ја надомести штетата на работодавачот.

Овој труд го препуштам на судот на науката, стручната и деловната јавност.

Авторот се обиде трудот да го прилагоди за употреба во реалниот живот во кој е содржана научната и сручната актуелност.

Трудот е наменет за сите физички и правни лица. Посебна правна и практична корист ќе имаат сите правници на кои ова област им е потесна специјалност, студентите, а посебно работодавачите – трговските друштва, установите.

Во континуитет ќе следуваат и други изданија за суштествената проблематика од работните односи.

Автор: Д-р Војо Беловски, редовен професор и продекан на Правниот факултет при Универзитетот Гоце Делчев во Штип.

Партнери на Правдико