Видови на вина (субјективна одговорност)
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Според член 145 ст. 1 од ЗОО вина постои кога штетникот причинил штета со намера или со невнимание (крајно, обично или друг степен на невнимание) предвиден со закон.
1. Намера (dolus) – е најтежок вид на вина. За умисла е виновен оној кој свесно- интелектуален елемент и волево- волев елемент причинил штета на друг. Интелектуалноста, укажува на тоа дека кај штетникот бил свесен за противправноста на своето дејствие и штетата настаната од него. Волевиот елемент, ни укажува на тоа дека и покрај свеста кај штетникот тој исто така сакал да причини штета или се согласил со незиното настанување.
Постоењето на овие два елементи (свеста и волјата) треба да се докажува,а товарот на докажување паѓа на оштетениот. Според член 145 ст. 2 од ЗОО ако штетата е причинета со намера или со крајно невнимание, оштетениот треба да го докаже нивното постоење. Поради тоа што овој вид на вина е најтежок, незиното докажување не треба да биде апстрактно туку треба да се докажува во секој конкретен случај (dolus in concreto). Намерата може да биде во два облика и тоа:
- директна намера – постои кога штетникот свесво сакал со своето противправно однесување да му причини штета на друг (оштетениот).
- евентуална намера – штетникот немал непосредна цел со преземањето на одредено дејствие да му причини штета на оштетениот. Меѓутоа, иако не ја посакувал, сепак тој ја прифатил како возможна, евентуална, последница од своето дејствие т.е. се согласил со евентуално настанатата штета иако не била цел за тоа дејтвие.
И двата вида на намера (дирекна и евентуална) треба ДА СЕ ДОКАЖАТ дека постојат од страна на оштетенот.
2. Невнимание – претставува пропуштање на потребното вномание кое во дадената околност требало да го има извршителот на противправното дејствие. Невниманието може да се јави во три вида:
- крајно (грубо) невнимание [culpa lata] – постои кога штетникот со преземањето на некое дејствие не го покажал ни оној степен на внимание што се очекува од секој просечен човек (човек кому не му е потребно какво било посебно знаење искуство). Овој вид на невнимание е многу блиску до намерата како најтежок вид на вина. Овој вид на невнимание СЕ ДОКАЖУВА. Според член 157 ст. 4 од ЗОО работодавецот кој на оштетениот ќе му ја надомести штетата што работникот ја причинил намерно или со крајно невнимание, има право од тој работник да бара надомест на платениот износ.
Според член 254 ст. 1 од ЗОО одговорноста на должникот за намерата или крајното невнимание неможе однапред до договор да се исклучи или ограничи. Според член 255 ст. 2 од ЗОО во случај на измама или намерно неисполнување, како и неисполнување поради крајно невнимание, доверителот има правода бара од должникот надомест на целокупната штета што настанала поради повреда на договорот, без оглед на тоа што должникот не знаел за посебните околности поради кои настанале тие.
- обично невнимание [ culpa levis] – постои кога штетникот со преземањето на некое дејствие го пропуштил оној степен на внимание што се бара од посебно внимателен човек, чија способност и внимание се натпросечни (невообичаени). Тука станува збор за стандарзираните степени на внимание: внимание на добар стопанственик, внимание на добар домаќин и внимание на добар стучњак. Кај вој вид на вина степенот на грижливост и совесност се особено изразена. Овој вид на невнимание СЕ ПРЕТПОСТАВУВА. Според член 11 ст.1 од ЗОО учесникот во облигационен однос е должен во извршувањето на својата обврска да постапува со внимание кое во правниот промет се бара во соодветниот вид облигациони односи, внимание на добар стопанственик, односно внимание на добар домаќин.
- невнимание како во сопствените работи кај овој вид на внимание се бара да постои внимание како во сопствените работи. Тргнувајќи од сопственото внимание како мерило внимателно би било постапувањето на одредено лице во однос на одредени туѓи работи кога тоа во однос на нив би го пројавило она внимание што го има и при постапувањето спрема своите сопствени работи. Според член 770 ст.1 од ЗОО примачот на депозит е должен да го чува предметот како свој сопствен, а ако депозитот е сонадомест, како добар стопанственик односно како добар домаќин.
ЗНАЧЕЊЕ НА СТЕПЕНУВАЊЕТО НА ВИНАТА
Степенувањето на вината нема особено значење на одговорноста на штетникот за пришинетата штета. Сепак, постојат случаи кога ова степенување е релевантно. Според член 157 ст.4 од ЗОО работодавецот кој на оштетениот ќе му ја надомести штетата што работникот ја причинил намерно или со крајно невнимание, има право од тој работник да бара надомест на платениот износ. Споредчлен 561 ст.1 од ЗОО дарувачот одговара за неисполнување на својата обврска, како и за задоцнување на исполнувањето, акое тоа со намера или е од негово крајно невнимание.
ОКОЛНОСТИ ЗА ИСКЛУЧУВАЊЕ НА СУБЈЕКТИВНАТА ОДГОВОРНОСТ
Штетникот, вината со која се товари може да ја симне од себе со докажување дека за штетата не е виновен тој, туку дека за тоа е виновен, оштетениот, некој друг или пак дека вината е поделена помеѓу него и оштетениот. На ваква линија е решението од членот 181 од ЗОО кое го уредува прашањето за односот меѓу штетникот и оштетениот кога за причинувањето на штетата делумно придонел и самиот оштетен. Имено ако се утврди постоење на ваков случај, оштетениот има право на срамерно намален надомест.