Видови надзор при санитарна и здраствена инспекција | Правдико

Правдико

   

Видови надзор при санитарна и здраствена инспекција

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

a0Санитарната и здравствената инспекција опфаќа инспекциски надзор над спроведувањето на законите и другите прописи донесени врз основа на законите од областа на санитарно – хигиенската, епидемиолошката и здравствената заштита на населението, здравственото осигурување и евиденциите во областа на здравството.Работите на санитарната и здравствената инспекција ги врши Државниот санитарен и здравствен инспекторат, како орган во состав на Министерството за здравство.

Инспекторот во вршењето на инспекцискиот надзор заради отстранување на утврдените неправилности има право и обврски на субјектот на надзорот:
–  да му укаже на утврдените неправилности и да определи рок за нивно отстранување,

–  да му нареди да преземе соодветни мерки и активности во рок кој ќе го определи инспекторот,

–  привремено да му забрани вршење на дејност, професија или должност,

–  да му поднесе барање за поведување прекршочна постапка и

–  да му поднесе кривична пријава или да поведе друга соодветна постапка.

Во вршењето на инспекцискиот надзор, инспекторот е овластен да ги прегледа сите работни и помошни простории, односно простори, документација, пропишаната евиденција, опремата како и предметите за работа коишто подлежат на инспекциски надзор, да побара изјава од одговорните вработени, изјави од сведоци, мостри за анализи, брисеви, а noпотреба можат да користат услуги на други стручни правни лица.

Инспекцискиот надзор инспекторот го врши преку:

– редовен инспекциски надзор,

– вонреден инспекциски надзор и

– контролен инспекциски надзор

Редовниот инспекциски надзор е најавен надзор кој се врши во присуство на одговорното лице на субјектот на надзорот, или физичкото лице кај кое е потребно да се изврши инспекцискиот надзор, кој се врши врз основа на програмата за работа на инспекциската служба и опфаќа надзор над спроведувањето на законите и прописите донесени врз основа на законите.

Доколку инспекторот на денот на кој го најавил инспекцискиот надзор не го затече одговорното лице кај субјектот на надзорот, или физичкото лице кај кое е потребно да се изврши инспекцискиот надзор, инспекторот на местото на надзорот ќе му остави покана во која ќе напише, одговорното лице или физичкото лице во точно определено време да биде присутно заради вршење на надзорот, а доколку лицете не се јави ниту на поканата инспекторот ќе изврши надзор во присуство на службено или друго присутно лице.

Вонредниот инспекциски надзор е ненајавен надзор и се врши врз основа на иницијатива поднесена од државни органи, физички или правни лица, како и по службена должност во случај на сомневање на инспекторот.

Контролен инспекциски надзор се врши по истекот на рокот определен во инспекцискиот акт донесен од страна на инспекторот, при што инспекторот при утврдување на фактичката состојба ќе констатира дека субјектот на надзорот постапил, делумно постапил, или не постапил по инспекцискиот акт.

За извршениот инспекциски надзор инспекторот составува записник на местото на вршење на инспекцискиот надзор, записникот го потпишуваат инспекторот и субјектот на надзорот и еден примерок од записникот му се предава на субјектот на надзорот, а доколку поради обемот и сложеноста на инспекцискиот надзор и другите околности не е можно да се состави записник во текот на инспекцискиот надзор записникот се составува во службените простории на инспекциската служба во рок од три дена од денот на надзорот со образложение за причините поради што записникот е составен во службените простории на инспекциската служба.

Во записникот се внесува назив на инспекциската служба, местото, денот и часот кога е извршен надзорот, предметот на надзорот, името на инспекторот кој го извршил надзорот, присутните лица, застапникот или полномошникот на субјектот на надзорот, утврдената фактичка состојба, забелешките, изјавите и другите релевантни факти и околности

Ако инспекторот при вршењето на инспекцискиот надзор утврди дека со повреда на закон или друг пропис е сторен прекршок или кривично дело е должен без одлагање да поднесе барање за поведување на прекршочна постапка, односно пријава за кривично дело

–ПРАВДИКО–

Поврзани статии:

– Ги знаете ли доволно вашите права и обврски како пациент?

– Обврската на лекарите за укажување на здравствена заштита

Препорачуваме

Партнери на Правдико