Виена: Спречен маршот против исламизацијата | Правдико

Правдико

   

Виена: Спречен маршот против исламизацијата

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Првите демонстрации на движењето Патриотски Европејци против исламизацијата на Европа (PEGIDA) во Виена вчера вечерта се завршени без планираниот марш низ центарот на градот, откако стотици левичари го блокираа патот каде што требаше да се движат демонстрантите.

anti-pegida-bec-skup-reuters-main

Пред самиот почеток на демонстрациите на PEGIDA, и покрај значителното присуство на полицијата, голем број на левичарите успеа да ја блокираат улицата по која што требаше да се движи поворката, пренесува Танјуг.

Тие застанаа на средината на патот, делумно маскирани лица, извикувајќи слогани против десничарите.

Во пресрет на собирот на PEGIDA, “Офанзива против десницата” го изрази својот протест со марш низ центарот на градот, каде што, според портпаролот на полицијата во Виена Романа Хаслингер, учествуваа речиси 5.000 луѓе.

Дел од учесниците на маршот се приклучија на десничарските противници во блокадата на патот.

Полицијата не сакаше да ги разбие “човечките барикади”, чија цел беше да се спречи марширањето на околу 600 симпатизери на PEGIDE, кои во Германија од октомври одржуваат секој понеделник протести против исламизацијата на земјата и на Европа.

Во овој “ќор-сокак”, која траеше час и половина, полицијата одлучи да ги прогласи двата собира за завршени околу 20:30 часот.

Со помош на озвучување, полицијата им порача на толпата да се разотиде, или во спротивно ќе преземе акција на утврдување на идентитетот на непослушните демонстранти и ќе поднесе пријави против нив.

Извор: Aljazeera

Препорачуваме

Партнери на Правдико