Правдико

   

Викендов 622 лица го прекршиле полицискиот час, а над 1.000 не носеле маски

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Во текот на изминатите неколку денови, додека траеа ограничувањата на движењето, од страна на Министерството за внатрешни работи на територијата на целата држава констатирани се вкупно 622 непочитувања на одлуката, најголемиот дел од нив – 340 се констатирани на територијата на секторот за внатрешни работи во Скопје. Ова го истакна министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.

Вкупно, досега, констатирани се 5.397 прекршување наодлуките за ограничување на движењето на граѓаните од нејзиното воведување, рече Чулев.

Во однос на уредбата за задолжително користење на заштитна опрема, според презентираните бројки, констатирани се вкупно 1.777 непочитувања на истата, најголемиот дел од нив на подрачјето на СВР Струмица каде што констатирани се 417 непочитувања и на подрачјето на СВР Охрид – 356. Вкупната бројка на констатирани непочитувања на оваа уредба досега е 8.180 и за сите тие случаи како што посочи Чулев, се изготвени соодветни поднесоци.

Исто така полицијата во соработка со Државниот пазарен инспекторат учествуваше во вкупно 1.543 контроли во угостителски објекти при што констатирани се вкупно 22 непочитувања: 18 на територијата на СВР Охрид и 4 при СВР Струмица. Истовремено, како што потенцираше министерот Чулев, во посчениот период издадени се вкупно 1648 решенија за изолација и потпишани се 584 изјави за самоизолација, а МВР извршило вкупно 8701 контрола по основ на самоизолација и на изолација.

„Бројките говорат за исклучително голем обем на работа и исклучително високата посветеност од страна на полициските службеници. И токму таа посветеност наместо да биде соодветно валоризирана многу често е злоупотребена во политички цели. Дозволете ми на денешната прес конференција да апелирам до јавноста, но и сите политички структури во државата да се воздржат од неосновани напади кои нанесуваат штета на полицијата“, нагласи Чулев.

Тој, покрај ова, изрази разбирање за револтот на граѓаните од одлуките со кои се ограничува нивното движење, притоа истакнувајќи дека граѓаните треба да се свесни оти сето тоа се прави со цел да се заштити нивното здравје.

„Ваквите одлуки се носат од страна на комисија за заразни болести во која учествуваат стручни лица и доктори, а полициските службеници, односно Министерството за внатрешни работи имаат задача и обврска да го контролираат нивното спроведување“, нагласи министерот Чулев.

На крајот осврнувајќи се кон критиките односно нападите упатени до него, министерот Чулев истакна: „Од  првиот ден како министер за внатрешни работи мојот став е дека МВР треба да функционира единствено врз принципите на професионалност, неселективност и законитост, затоа што тоа граѓаните го заслужуваат. И во суштина во изминатиот период тоа се покажа во пракса, во најголем дел успешно ги спроведовме одлуките на Владата, а со тоа го заштитивме здравјето на граѓаните. Грешки и пропусти има и тие се дел од работењето, но лошо е кога грешките се случуваат поради опструкции, несоработка и постапување по партиски директиви. Да бидам искрен исклучително тешко една моја идеја, замисла или директива да се спроведе во пракса, без да наидам на многу опструкции во Министерството за внатрешни работи, но и од страна на Владата“, рече Чулев.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико