Викендов зајакната сообраќајна контрола во Куманово | Правдико

Правдико

   

Викендов зајакната сообраќајна контрола во Куманово

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

soobracajna kontrola tetovo 26.09.2014На подрачјето на СВР Куманово во текот на викендот спроведени се зајакнати акциски контроли од областа на сообраќајот, при што од страна на полициските службеници од ПС за БПС контролирани се вкупно 259 возачи и возила.

Од извршената контрола констатирани се 80 прекршоци од Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата и Закон за возила. Загрижувачки е податокот дека најголемиот број на прекршоци се констатирани за управување на возило под дејство на алкохол и тоа во 50 случаи и 8 прекршоци за управување на возило пред стекнување право за управување со моторно возио. Исто така констатирани се и 22 останати прекршоци од кои 9 се за нерегистрирани, 5 прекршока за возач почетник итн.

Согласно горенаведеното, СВР Куманово упатува АПЕЛ ДО СИТЕ ВОЗАЧИ:

„Заради безбедност на сите учесници во сообраќајот и безбедноста на граѓаните да не се управува возило под дејство на алкохол и сите да се придржуваат до собраќајните правила и прописи“.

Препорачуваме

Партнери на Правдико