Викиликс собира 100.000 евра за инсајдерска информација во врска со договорот меѓу САД и ЕУ
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Веб-страница на Викиликс започна кампања за собирање награда во износ од 100.000 евра за инсајдерски информации за предложениот договор за слободна трговија меѓу Европската унија и САД.
Веб-страницата, која во 2010 година предизвика бум во јавноста со објавување на повеќе од 700.000 доверливи документи на американската влада, успеаво еден ден да се соберат 20 отсто од планираниот износ, пренесува АФП.
Меѓу донаторите, се и некои познати лица, како што се поранешниот грчки министер за финансии, Јанис Варуфакис, модниот дизајнер и поборник за заштита на животната средина Вивиен Вествуд, новинарот Глен Гринвалд и главениот и одговорен уредник на Викиликс Џулијан Асанж.
Како што потсетува француската агенција, во април во Европа се одржаа стотици протести против најавениот договор за трансатлантска трговија и инвестициско партнерство (TTIP) помеѓу САД и ЕУ.
– TTIP, за кое во моментов преговараат САД и ЕУ, останува строго чувана тајна а за големите корпорации им е овозможен привилегиран пристап. Јавноста нема никаков пристап – се вели на Викиликс.
– Викиликс одлучи да преземи чекори за да се осигура дека Европејците ќе го прочитаат трговскиот договор. Тајноста на TTIP фрла сенка врз иднината на европската демократија – рече Асанж.
Ако дојде до договор, тоа ќе биде најголемиот трговски договор во светот, кој што ќе опфати пазар од 850 милиони потрошувачи, создавајќи коридор за слободна трговија од Хаваи до Литванија.