Виртуелни рочишта – практична алатка за кратење на времето и трошоците во постапките
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Судиите при Основниот кривичен суд Скопје учествуваа на oнлајн работилница за Размена на судски искуства меѓу претставници на правосудните органи во Соединетите Американски држави и Северна Македонија на тема Водење на виртуелни рочишта.
Конференијата ја отвори Амбасадорката на САД во земјава Кејт Мари Брнз, а своите искуства за организирање и придобивки од водење виртуелни рочишта во Флорида САД, со колегите од Кривичниот суд во Скопје, ги споделија судиите Лесли Р. Хофман, Ембри Ј.Кид и Пол Ј. Бајрон, и тоа на теми поврзани со:
Македонските искуства при претходна постапка и главна расправа,
Почитување на правата на обвинетите,
Правни и логистички пречки при виртуелни судења и
Адресирање на можни проблеми во жалбена постапка,
Сето тоа во контекст на организирање виртуелни, односно водење постапка преку телефонска или видео – конференциска врска.
Согласно препораките на Светската здравствена организација за заштита од ширење на вирусот КОВИД – 19, како и можноста за поголема ефикасност и економичност на постапките, искуствата на судиите од САД се од големо значење за судството во земјава за развој на нова платформа за судење. Примената на виртуелните судења може да бидат практична алатка за редуцирање на времетраењето и трошоците во постапките, но воедно мора да овозможат доследно почитување правата и обврските на странките во постапкта. Затоа со помош на меѓународните искуства, но и со одредени законски измени и дополнителни технички прилагодувања овие судења во иднина треба да станат пракса и во нашата земја.
Извор: Макфакс