Вишок ливчиња во гласачките кутии, ДИК поништи гласање на повеќе избирачки места | Правдико

Правдико

   

Вишок ливчиња во гласачките кутии, ДИК поништи гласање на повеќе избирачки места

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Државната изборна комисија го поништи гласањето на повеќе избирачки места затоа што во гласачките кутии имало повеќе гласачки ливчиња од бројот на гласачи во избирачкото место. Од шест приговори, гласањето е поништено на три избирачки места, две во Кавадарци и едно во Куманово. ДИК исто така донесе и одлука да ги разреши избирачките одбори на овие места.

„Направени се обуки, кои траеа цел месец, но очигледно не се почитуваат процедурите и не се работи професионално. Апелирам избирачките одбори повеќе да внимаваат“, изјави членот на ДИК, Јанаќе Витановски.

Сите членови на Комисијата се согласија дека вината не е во целите избирачки одбори, туку во поединци, но сепак ќе се бара одговорност и разрешување на целиот одбор што бил на смена на денот на глсањето на посочените избирачки места.

На денешната седница се разгледуваат 14 приговори, сите поднесени од изборниот штаб на Гордана Силјановска-Давкова. Имаше приговор за избирачко место во Берово, каде што гласало болно и изнемоштено лице, но не било пријавено на списокот, и приговор за избирачко место во Боговиње, каде што 29 гласачки ливчиња биле откинати со дел од кочанот што го содржи серискиот број, но овие приговори беа одбиени.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико