Виси екстрадицијата од Косово на двајцата обвинети во „Монструм“ | Правдико

Правдико

   

Виси екстрадицијата од Косово на двајцата обвинети во „Монструм“

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Судијата Огнен Ставрев на рочиштето за случајот „Монструм“ кој се однесува на петкратното убиство кај Смилковско езеро кое се случи на 12 април 2012 година, рече дека нема нови информации во однос на екстрадицијата за Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, обвинети во случајот кои моментално се наоѓаат во Косово.

Откако веќе еднаш беше одбиена екстрадиција за Демири и Исмаиловиќ од страна на косовските власти, Министерството за правда испрати нови барања за екстрадиција со кои уверува дека на двајцата обвинети им е загарантирано правото на фер судење независно од тоа на која заедница припаѓаат.

Во 2016 година Косово одби да ги екстрадира двајцата обвинети. Оттаму како причина за оваа одлука беше наведено дека на Демири и Исмаиловиќ ќе им биде пресудено врз национална основа и дека нема да им фер судење за случајот „Монструм“.

За петкратното убиство кај Смилковското Езеро на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута.

Врховниот суд во декември 2017 година ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири и им определи мерки на претпазливост. По укинувањето на пресудите, случајот „Монструм“ го презеде СЈО и предметот беше вратен на повторно судење.

Судењето продолжува на 24 јуни.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико