Високи казни за нељубезните административци во агенцијата за катастар | Правдико

Правдико

   

Високи казни за нељубезните административци во агенцијата за катастар

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Министерството за информатичко општество и администрација ќе ги казнува вработените раководителите и директорот на агенцијата за катастар со глоби до 15.000 евра доколку инспекторите утврдат нерегуларности во работењето по пријава на незадоволни граѓани.

medical-dental-service-administration

Ресорниот министер Иво Ивановски со инспекциски контроли ќе ја подобрува работата на Катастарот кој на анкетата за задоволството на граѓаните од услужливоста на администрацијата покажа дека дава лоши услуги. 

Од 30 подрачни одделенија на Агенцијата за катастар, анкетирани биле 10. Од нив најлоши услуги се нуделе во Тетово, Гостивар и Крива Паланка каде граѓаните се жалеле на нељубезност на вработените и за најдолго чекање за решавање на предметите, најдобри услуги се нуделе во Охрид и Кавадарци.

Додека во Битола, Штип и Пробиштип граѓаните најчесто биле враќани поради нецелосна документација, што според министерот Ивановски е неправилно според законот за едношалтерски систем со кој странката не смее да биде вратена доколку предметот не е докомплетиран со документи кои ги поседува друга државна институција.

Кај најлошо услужливите катастарски одделенија кои го нарушуваат угледот на Агенцијата, контрола ќе врши лично директорот.

Министерот Ивановски најави посета на другите институции кои на анкетата за задоволството на граѓаните од услужливоста покажаа слаби резултати.

Најдобра услужливост според анкетираните покажала работата во Централниот регистар, а најлошо во центрите за социјални работи и Одделението за лични документи на МВР.

Извор: 24 Вести

Препорачуваме

Партнери на Правдико