Правдико

   

„Визер“: Суспензија на сите летови од и кон Скопје до 30 април

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Нискобуџетната авиокопанија „Визер“, како резултат на пролонгираните забрани за патување на сите летови во Република Северна Македонија, ќе ја продолжи суспензијата на сите летови од и кон Скопје до 30 април.

Компанијата денеска соопшти дека патниците со резервирани билети што ги направиле директно на wizzair.com или на мобилната апликација на авиокоманијата, ќе бидат автоматски известени преку електронска порака. Сто и  дваесет проценти од целата сума ќе им бидe автоматски префрлена на Wizz сметката на корисникот, и ќе можат да ги искористат во текот на наредните 24 месеци за купување на сите производи и услуги на „Визер“.

Патниците, исто така, можат да одберат опција за враќање на парите за која треба подолго време да се реализира и ќе бидат информирани за сите потребни чекори за трансфер на парите преку банка или преку картичка во посебна електронска порака. Во тој случај, патниците ќе можат да изберат 100 проценти поврат на сумата. Патниците кои направиле резервација преку туристички агенции, вклучувајќи ги и онлајн туристичките агенции, се упатуваат на контакт кај компанијата преку која ги купиле своите билети.

Извор: НоваТВ

Партнери на Правдико